bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 27
Acts 27
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 28 →
1
Кога беше одлучено да отпловиме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник по име Јулиј, од царската чета.
2
Се качивме на еден адрамитски кораб, кој требаше да плови покрај азиските брегови, и така отпловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун.
3
Следниот ден стигнавме во Сидон; и Јулиј, кој постапуваше човекољубиво со Павле, му дозволи да појде кај своите пријатели, за да се погрижат за него.
4
Кога тргнавме оттаму, пловевме во заветрината на Кипар, бидејќи ветровите дуваа спротивно,
5
и, откако го препловивме морето покрај Киликија и Памфилија, стигнавме до Мира Ликиска.
6
Таму стотникот најде еден александриски кораб, кој пловеше за Италија, и нѐ префрли во него.
7
И пловејќи полека многу денови, одвај стигнавме до Книд. Бидејќи ветрот нѐ спречуваше да влеземе таму, запловивме во заветрината на Крит покрај Салмон.
8
И пловејќи покрај него со мака, стигнавме до едно место, наречено Добри пристаништа, во чијашто близина се наоѓаше градот Ласеја.
9
Откако мина многу време и пловењето веќе стана многу поопасно, а и постот веќе беше поминал, Павле ги опомена
10
велејќи им: „Луѓе, гледам дека пловењето ќе биде мачно и со голема штета не само за товарот на коработ, туку и за нашите животи.“
11
Но стотникот повеќе му веруваше на кормиларот и сопственикот на бродот отколку на Павловите зборови.
12
А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина изјавија дека сакаат да отпловат оттаму, и ако е можно некако да стигнат до Феникс, критското пристаниште што се наоѓа спроти југозападниот и северозападниот ветар, и таму да презимат.
13
А кога дувна југот, тие помислија дека можат да ја остварат својата цел, па ја кренаа котвата и запловија покрај Крит.
14
Но наскоро на нив се дигна бурниот ветар, наречен Евроклидон.
15
Па откако го зграби коработ, бидејќи тој не можеше да му се противстави на ветрот, се препуштивме на брановите да нѐ носат.
16
Минувајќи во заветрината на едно островче, кое се вика Клавда, одвај успеавме да го задржиме бродот.
17
Кога го извлекоа, употребија помошни средства и го врзаа коработ одоздола; и плашејќи се да не се насукаат на Сирти, ги спуштија едрата и така бевме носени.
18
Но бидејќи бевме силно удирани од бурата, следниот ден почнаа да го исфрлаат товарот,
19
а на третиот ден сами со свои раце ја исфрлаа опремата на коработ.
20
Во текот на многу денови не се појави ни сонце, ни ѕвезда, а беснееше и прилично силна бура, така што веќе исчезнуваше секаква надеж дека ќе се спасиме.
21
И бидејќи долго време гладуваа, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, требаше да ме послушате и ако не заминевме од Крит, ќе ги избегневме овие маки и штети.
22
Но, и сега ве советувам да бидете бодри, зашто ниедна душа од вас нема да загине, освен коработ.
23
Зашто ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам,
24
велејќи: ’Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред цезарот; и ете, Бог ти ги дарува сите, што пловат со тебе.‘
25
Затоа, луѓе, бидете бодри, зашто Му верувам на Бога дека ќе се случи така, како што ми беше речено.
26
Но, треба да бидеме исфрлени на еден остров.“
27
Беше веќе четиринаесетта ноќ, откако бевме носени наваму-натаму по Јадранското Море, кога кон полноќ морнарите насетија дека се приближуваат до некакво копно,
28
и, кога ја измерија длабочината, открија дека изнесува дваесет фатома; па отидоа малку потаму, измерија пак и открија дека е петнаесет фатома.
29
И плашејќи се да не удрат на карпести места, одзади спуштија четири котви, па чекаа да осамне.
30
А кога морнарите намислија да побегнат од коработ, и беа спуштиле чун во морето под изговор дека сакаат да спуштаат котви од предната страна,
31
Павле им рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на коработ, вие не можете да се спасите.“
32
Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на чунот и го оставија да падне долу.
33
А пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е четиринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо.
34
Затоа, ве молам, каснете, зашто тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“
35
Штом го рече тоа, зеде леб, Му заблагодари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде.
36
Тогаш се ободрија сите и зедоа храна;
37
а во коработ нѐ имаше вкупно двесте седумдесет и шест души.
38
И кога се наситија од храната, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлајќи го житото в море.
39
Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песочен брег, на кој решија, ако успеат, да го извлечат коработ.
40
И откако ги откачија котвите, ги оставија во морето; а исто така ги разлабавија и врските на кормилата, го развија малото едро спрема ветрот што дуваше, та запловија кон брегот.
41
Но удирајќи на еден гребен, предницата на коработ се заби и веќе не се помрдна, а задниот дел од коработ се разбиваше од силата на брановите.
42
Војниците, пак, намислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне.
43
Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и заповеда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат,
44
а останатите – кој на штица, кој на нешто од коработ. И така сите се спасија, излезувајќи на копно.
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Acts Commentaries
→
Devotional
Acts Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→