bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 14
Acts 14
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
1
Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така што големо мноштво Јудејци и Елини поверуваа.
2
А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија душите на незнабошците против браќата.
3
Но тие сепак останаа тука доста време и смело говореа за Господ, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да се случуваат знаци и чуда.
4
А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5
И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се подготвуваа дрско да ги навредуваат и да ги каменуваат,
6
тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина;
7
и таму благовестеа.
8
Во Листра седеше еден човек, немоќен во нозете, куц од мајчината утроба, кој никогаш не можел да оди.
9
Тој слушаше додека Павле зборуваше; а Павле, го впери погледот во него и виде дека тој има вера за да оздрави,
10
па му рече со силен глас: „Исправи се на своите нозе!“ И тој скокна и почна да оди.
11
А кога народот виде што направи Павле, го подигна гласот и извика на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“
12
И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.
13
Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред нивниот град, доведе јунци и донесе венци пред портата, и сакаше заедно со народот да принесе жртва.
14
Но кога апостолите Варнава и Павле слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки и се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
15
„Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни луѓе како и вие, но ви благовестиме за да се одвратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;
16
Кој во минатите поколенија ги остави сите народи да одат по своите патишта,
17
па сепак не се остави Себеси непосведочен, правејќи добро, давајќи ви дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги нашите срца со храна и веселба.“
18
И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва.
19
Тогаш, од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. И кога го придобија народот, го каменуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.
20
Кога учениците се собраа околу него, тој стана и се врати во градот. Утредента со Варнава заминаа за Дерва.
21
И, откако го проповедаа благовестието во тој град и придобија мнозина ученици, се вратија во Листра, Иконија и Антиохија.
22
Тие ги зацврстуваа душите на учениците и, храбрејќи ги да бидат истрајни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.
23
Па, откако им ракоположија презвитери за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале.
24
А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија;
25
и, откако го проповедаа словото во Перга, слегоа во Аталија,
26
а оттаму отпловија за Антиохија, од каде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27
По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отвори вратата на верата и за незнабошците.
28
И таму поминаа доста време со учениците.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Acts Commentaries
→
Devotional
Acts Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→