bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 5
Acts 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 6 →
1
А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, продаде имот
2
и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на својата жена, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.
3
А Петар рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?
4
Додека не беше продадена, зар не беше твоја? И откако ја продаде, зар парите не беа во твоја власт? Зошто си стави во своето срце таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“
5
Кога Ананија ги слушна тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушнаа тоа.
6
Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
7
А кога поминаа околу три часа, влезе и неговата жена, не знаејќи што се случило.
8
И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“
9
Потоа Петар ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата се нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“
10
И таа веднаш падна пред неговите нозе и издивна. А кога момчињата влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.
11
И голем страв ја обзеде целата Црква и сите што го слушнаа тоа.
12
Преку рацете на апостолите се случуваа многу знаци и чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.
13
Од останатите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше.
14
И мноштвото на мажи и жени што веруваа во Господ сѐ повеќе се зголемуваше,
15
така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постели и носила, та кога ќе помине Петар, барем неговата сенка да осени некого од нив.
16
А во Ерусалим доаѓаа и многумина од околните градови, донесувајќи болни и мачени од нечисти духови, и сите беа излечени.
17
Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и, исполнети со завист,
18
ги ставија своите раце на апостолите и ги фрлија во јавниот затвор.
19
Но во текот на ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:
20
„Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“
21
Штом го слушнаа тоа, тие уште од утрото влегоа во храмот и поучува. А кога дојде првосвештеникот, и оние што беа со него, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија луѓе во затворот за да ги доведат апостолите.
22
Но кога поданиците отидоа, не ги најдоа во затворот, па, штом се вратија, изјавија,
23
велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред вратата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“
24
Штом ги слушнаа овие зборови, свештеникот, заповедникот на храмот и првосвештениците се збунија од нив, размислувајќи што би требало да значи тоа.
25
Но некој дојде и им објави: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“
26
Тогаш заповедникот на храмот отиде заедно со поданиците и ги доведе, но не на сила, зашто се плашеа од народот, да не ги убијат со камења нив самите.
27
А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот. И првосвештеникот, прашувајќи ги, рече:
28
„Зарем не ви забранивме строго да поучувате во тоа име? А ете, вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној Човек да ја фрлите на нас.“
29
А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.
30
Бог на нашите татковци Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, приковувајќи Го на дрво.
31
Него Бог со Својата десница го воздигна за Началник и Спасител, за да му даде на Израил покајание и простување на гревовите.
32
За тие Негови зборови сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“
33
Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и се договараа да ги убијат.
34
Но, тогаш во Синедрионот стана еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,
35
а ним им рече: „Луѓе Израилци, внимавајте добро што ќе правите со овие луѓе!
36
Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е голем човек, и му се придружија околу четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му се потчинија, се разотидоа и исчезнаа.
37
По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по себе доста народ; но и тој загина и сите што му се покоруваа се растурија.
38
И сега ви велам – отстапете од овие луѓе и оставете ги; зашто, ако ова е замисла или дело на луѓе, ќе се разруши;
39
а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не станете богоборци!“
40
Тие го послушаа, и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија.
41
А тие излегоа од Синедрионот радосни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Исус.
42
И ниту еден ден не престануваа да поучуваат во храмот и по куќите и да благовестат за Исус Христос.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28