bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 3
Acts 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 4 →
1
Еден ден Петар и Јован отидоа во храмот во деветтиот час, часот за молитва.
2
Таму имаше еден човек, куц уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред вратата на храмот наречена Прекрасна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.
3
Кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, тој запроси милостина и од нив.
4
А Петар, заедно со Јован, го впери погледот во него и му рече: „Погледни нѐ!“
5
И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив.
6
Но Петар рече: „Јас немам сребро и злато, но тоа што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет стани и оди!“
7
И фаќајќи го за десната рака, го исправи, а нему во истиот миг му се зацврснаа стапалата и глуждовите.
8
И потскокнувајќи, се исправи и почна да оди, и влезе во храмот заедно со нив, одејќи, скокајќи и фалејќи Го Бога.
9
И сиот народ го гледаше како оди и како Го фали Бога.
10
Луѓето го познаа дека тој беше оној истиот што поради милостина седеше пред Прекрасната порта на храмот; и се зачудија и се исполнија со восхит за она што се случи со него.
11
И бидејќи оздравениот куц човек цврсто се држеше за Петар и Јован, сиот народ вчудовиден дотрча кон нив во тремот, наречен Соломонов.
12
А Петар, штом го виде тоа, му се обрати на народот: „Луѓе Израилци, што се чудите на ова, и што сте се загледале во нас, како со своја сила или благочестие да направивме овој да прооди?
13
Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на нашите татковци Го прослави Својот Син Исус, Кого вие Го предадовте и од Кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој реши да Го пушти.
14
Но вие се одрековте од Светиот и Праведниот и побаравте да ви се ослободи човек убиец,
15
а Го убивте Началникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите, за што ние сме сведоци.
16
И поради верата во Неговото име, го утврди овој кого вие го гледате и познавате; и верата што доаѓа преку Него му даде нему исцеление пред сите вас.
17
А сега, браќа, знам дека вие тоа го направивте од незнаење како и вашите началници.
18
Но, Бог, она што однапред го навести преку устата на сите Свои пророци, односно дека Христос ќе пострада, тоа и го исполни.
19
Затоа покајте се и преобратете се, за да се очистите од вашите гревови,
20
за да дојдат од лицето на Господ времиња за освежување и Тој да ви Го прати претходно определениот за вас Христос Исус,
21
Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог од памтивек преку устата на сите Свои пророци.
22
Зашто Мојсеј им беше рекол на татковците: ’Господ вашиот Бог од вашите браќа ќе ви издигне Пророк како мене; Него послушајте го за сѐ што ќе ви рече!‘
23
И секој што нема да Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот.
24
И сите пророци, од Самоил и по него, кога зборуваа, исто така ги навестуваа и овие денови.
25
Вие сте синови на пророците и на заветот што Бог го склучи со вашите татковци, велејќи му на Авраам: ’Во твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата.‘
26
Бог, откако Го воздигна Својот Син, најнапред вам ви Го прати за да ве благослови, та секој од вас да се одврати од своите зли дела.“
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28