bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 13
Acts 13
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
1
Во Антиохиската црква имаше некои пророци и учители: Варнава, Симеон, наречен Нигер, Луциј Киринеецот и Манаин, кој беше растен заедно со четворовласникот Ирод, и Савле.
2
Еднаш кога Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле за делото, за кое ги повикав!“
3
Тогаш тие, откако постеа и се помолија, положија раце над нив и ги испратија.
4
И така, испратени од Светиот Дух, тие слегоа во Селевкија, и оттаму отпловија за Кипар.
5
И кога стигнаа во Саламин, тие го проповедаа словото Божјо во јудејските синагоги, а го имаа со себе и Јован како помошник.
6
А кога го поминаа островот сѐ до Пафос, наидоа на еден маѓесник и лажен пророк, Јудеец, по име Варисус,
7
кој беше со проконзулот Сергиј Павле, умен човек. Тој ги повика Варнава и Савле, и посака да го слушне словото Божјо.
8
Но им се спротивстави маѓесникот Елима – така, всушност, се преведува неговото име – настојувајќи да го одврати проконзулот од верата.
9
Но Савле, наречен и Павле, исполнет со Светиот Дух, го впери погледот во него,
10
и рече: „О, ти кој си полн со секакво лукавство и секаква злоба, сине ѓаволски, непријателу на секоја праведност, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?
11
И еве сега, Господовата рака е врз тебе; ќе бидеш слеп и за некое време нема да го гледаш сонцето!“ И наеднаш над него падна мрак и темнина, и лутајќи, бараше некој да го води за рака.
12
Тогаш проконзулот, откако виде што се случи, поверува, восхитен од Господовото учење.
13
Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и пристигнаа во Пергија Памфилиска. Тука Јован се одвои од нив и се врати во Ерусалим.
14
А тие тргнаа од Пергија и пристигнаа во Антиохија Писидиска и во еден саботен ден влегоа во синагогата и седнаа.
15
По читањето на Законот и на Пророците, старешините на синагогата пратија луѓе да им кажат: „Луѓе, браќа, ако имате збор за утеха на народот, зборувајте!“
16
Тогаш Павле стана, мавна со раката и рече: „Луѓе Израилци, и вие, што имате стравопочит кон Бога, послушајте!
17
Бог на овој народ ги избра нашите татковци и го подигна овој народ кога тие престојуваа во египетската земја, и со подигната рака ги изведе од неа;
18
и околу четириесет години ги хранеше во пустината;
19
а потоа откако уништи седум народи во хананската земја, им ја раздели земјата во нивно наследство.
20
Потоа, околу четиристотини педесет години им даваше судии до пророкот Самоил.
21
А потоа бараа цар, и Бог им го даде Саул, синот на Кис, човек од Венијаминовото колено, за четириесет години.
22
Кога го отстрани него, за цар им го подигна Давид, за кого и рече, сведочејќи: ’Најдов човек што Ми е при срце, Давид, синот на Јесеј. Тој ќе ги исполни сите Мои барања.‘
23
Од неговото потомство Бог, според ветувањето, издигна за Израил Спасение.
24
Пред Неговото доаѓање, Јован како предгласник му проповедаше на сиот израилски народ покајно крштевање.
25
А кога Јован го завршуваше своето дело, прашуваше: ’За кого ме сметате? Јас не сум Тој, но, ете, по мене иде Оној, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни обувките на Неговите нозе.‘
26
Луѓе, браќа, синови од родот на Авраам, оние меѓу вас, што имаат стравопочит кон Бога, вам ви е испратено словото за ова спасение.
27
Зашто жителите на Ерусалим и нивните началници, бидејќи не Го препознаа, ги потврдија пророчките зборови, што се читаат секоја сабота, со тоа што Го осудија.
28
И така, иако не најдоа никаква вина за осуда на смрт, тие настојуваа пред Пилат да Го убие.
29
А кога го извршија сето тоа, што беше напишано за Него, Го симнаа од дрвото и Го положија в гроб.
30
Но Бог Го воскресна од мртвите.
31
А Тој во текот на многу денови им се јавуваше на оние, што беа дошле со Него од Галилеја во Ерусалим и кои сега се Негови сведоци пред народот.
32
И ние ви благовестиме дека ветувањето, дадено на нашите татковци, Бог го исполни на нас, нивните чеда, воскреснувајќи Го Исус.
33
Како што е во вториот псалм напишано: ’Ти си Мој Син, Јас денес Те родив.‘
34
А дека Го воскресна од мртвите, и дека веќе нема да се враќа во распаѓање, рекол вака: ’Ќе ви ги исполнам светите ветувања дадени на Давид, кои се вистински.‘
35
За тоа и на друго место зборува: ’Нема да допуштиш Светиот Твој да види распаѓање.‘
36
Давид, пак, откако му служеше на својот род, според волјата Божја, се упокои и се присоедини кон татковците и виде распаѓање;
37
но Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде распаѓање.
38
И така, знајте, мажи и браќа дека преку Него вам ви се проповеда простување на гревовите;
39
и дека секој кој верува, преку Него се оправдува од сѐ, од што не сте можеле да се оправдате преку Мојсеевиот Закон.
40
Затоа внимавајте да не дојде на вас она што е речено во пророците:
41
’Погледнете вие кои презирате, зачудете се и исчезнете! Зашто во ваше време ќе извршам дело, во кое немаше да поверувате, ако некој би ви го раскажал.‘“
42
А кога излегуваа од синагогата на Јудејците, незнабошците ги помолија овие зборови да им се проповедаат и во следната сабота.
43
И кога се распушти собирот, мнозина Јудејци и благочестиви прозелити појдоа по Павле и Варнава. Тие разговараа со нив и ги убедуваа да останат во Божјата благодат.
44
Следната сабота речиси целиот град се собра да го слушне словото Божјо.
45
Но Јудејците, кога видоа многу народ, се исполнија со завист и му противречеа на она што го зборуваше Павле и хулеа.
46
Тогаш Павле и Варнава им рекоа отворено: „словото Божјо требаше најнапред вам да ви се проповеда, но кога вие го отфрлате и се сметате себеси недостојни за вечниот живот, еве, ние се обраќаме кон незнабошците.
47
Зашто Господ така ни заповеда: ’Те поставив за светлина на незнабошците, да бидеш за спасение до крајот на земјата.‘“
48
Незнабошците, слушајќи го тоа, се радуваа и го славеа Господовото слово и поверуваа сите, кои беа определени за вечен живот.
49
И Господовото слово се распространуваше по целиот крај.
50
Но Јудејците, откако ги наговорија благочестивите и угледни жени и градските првенци, поттикнаа гонење против Павле и Варнава, и ги истераа од својот крај.
51
Тие, го истресоа правот од своите нозе на нив, и дојдоа во Иконија.
52
А учениците се исполнија со радост и со Светиот Дух.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Acts Commentaries
→
Devotional
Acts Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→