bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Acts 9
Acts 9
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 10 →
1
А Савле, сѐ уште исполнет со застрашувања и убиства против Господовите ученици, дојде кај првосвештеникот
2
и побара од него писма за синагогите во Дамаск, па доколку таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим.
3
Но, додека, патувајќи, наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото,
4
и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“
5
А тој одговори: „Кој си Ти, Господи?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш.
6
Но, стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“
7
А луѓето кои го придружуваа, стоеја како занемени, зашто слушаа глас, а никого не гледаа.
8
Савле стана од земјата и, иако очите му беа отворени, ништо не гледаше; и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.
9
И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше.
10
Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Господ му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме, Господи!“
11
Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот на Јуда побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој се моли,
12
и во видение виде еден човек, по име Ананија, како му приоѓа и полага рака на него, за да прогледа“.
13
А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Ерусалим;
14
а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат Твоето име.“
15
Но Господ му рече: „Оди, зашто тој Ми е избран сад, за да го изнесе Моето име пред народи и цареви и пред Израилевите синови.
16
Зашто Јас ќе му покажам колку тој треба да пострада заради Моето име.“
17
А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи своите раце на него, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“
18
И одеднаш како лушпи да паднаа од неговите очи, и тој прогледа и, кога стана, се крсти.
19
А откако зеде храна, Савле закрепна. Потоа неколку дена остана со учениците во Дамаск;
20
и веднаш по синагогите почна да проповеда дека Исус е Синот Божји.
21
И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Ерусалим ги гонеше оние што го повикуваа тоа име, та затоа и овде дошол за да ги доведе таквите врзани пред првосвештениците?“
22
А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Дамаск, докажувајќи им дека Овој е Христос.
23
Кога поминаа доста денови, Јудејците се договорија да го убијат.
24
Но Савле дозна за нивниот заговор. А тие дење и ноќе ги надгледуваа градските порти за да го убијат.
25
Затоа учениците го зедоа ноќе, го ставија во кошница и го спуштија по ѕидот.
26
А кога пристигна во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од него, бидејќи не веруваа дека тој е ученик.
27
Но, Варнава го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господ, дека му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено проповедал во името на Исус.
28
Оттогаш тој се движеше со нив во Ерусалим, и смело говореше во името на Господ Исус.
29
А зборуваше и се препираше исто така и со Евреите што зборуваат грчки, кои се обидуваа да го убијат.
30
Штом за тоа разбраа браќата, го одведоа во Кесарија и го испратија во Тарс.
31
А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во стравопочит кон Господ, и се умножуваше со утехата на Светиот Дух.
32
А кога Петар ги посетуваше сите, се случи да слезе и кај светиите што живееја во Лида.
33
Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен.
34
И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува. Стани и самиот среди ја постелата!“ И тој веднаш стана.
35
И сите што живееја во Лида и во Сарон го видоа, и се обратија кон Господ.
36
Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи Срна; таа правеше многу добри дела и милостина.
37
И токму во тие денови таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната соба.
38
А бидејќи Лида беше близу до Јопија, учениците, штом слушнаа дека Петар е таму, испратија кај него двајца гласници да го замолат да дојде кај нив што побргу.
39
Петар стана и тргна со нив. Кога пристигна, го одведоа во горната соба. И му пристапија сите вдовици, плачејќи и покажувајќи му ги туниките и наметките што ги правела Срна додека беше со нив.
40
Петар, откако ги истера сите надвор, клекна на колена, се помоли, па се сврте кон телото и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и гледајќи го Петар, седна.
41
А тој ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива.
42
И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ.
43
А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој кожар Симон.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28