bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 1
Luke 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 2 →
1
Бидејќи мнозина се обидоа да состават повест за настаните што се беа случиле меѓу нас,
2
како што ни ги предадоа оние што уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото,
3
затоа, најпочитуван Теофиле, и мене ми се виде добро, откако испитав подробно сѐ од почетокот, да ти опишам по ред,
4
за да ја познаеш веродостојноста на тоа, во кое си поучуван.
5
Во деновите на Ирод, јудејскиот цар, имаше еден свештеник по име Захарија, од редот на Авија; а жена му беше од Ароновите ќерки и се викаше Елисавета.
6
И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи беспрекорно според сите Господови заповеди и повелби.
7
Тие немаа деца, зашто Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе во поодминати години.
8
Еднаш, додека тој по редот на својот чин служеше пред Бога,
9
според обичајот на свештенството, нему му се падна ждрепката да влезе во Господовиот храм и да покади.
10
За време на кадењето целото мноштво народ се молеше надвор.
11
Тогаш му се јави ангел Господов, кој стоеше од десната страна на кадилниот жртвеник.
12
Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде.
13
Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е услишана и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му дадеш име Јован.
14
И ќе ти биде радост и веселие и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање.
15
Зашто тој ќе биде велик пред Господ и нема да пие вино ниту жесток пијалак, а ќе се исполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка;
16
и мнозина од Израилевите синови ќе обрати кон нивниот Господ Бог;
17
и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата и непокорните кон мудроста на праведните, па да Му приготви на Господа подготвен народ.“
18
А Захарија му рече на ангелот: „По што ќе го познам тоа? Зашто јас сум стар, а и жена ми е веќе во поодминати години.“
19
Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да ти го благовестам ова;
20
и ете, ти ќе замолкнеш и не ќе можеш да зборуваш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“
21
Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се задржа во храмот.
22
А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал видение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем.
23
И откако се исполнија деновите на неговата служба, тој се врати дома.
24
По тие денови зачна неговата жена Елисавета и криеше пет месеци, велејќи:
25
„Така ми направи Господ во деновите кога погледна милостиво на мене за да го отстрани мојот срам меѓу луѓето.“
26
А во шестиот месец ангелот Гаврил беше испратен од Бога во галилејскиот град, по име Назарет,
27
кај една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од Давидовиот дом; а името на девојката беше Марија.
28
И кога дојде ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“
29
А таа, штом го виде, се вознемири од неговите зборови и размислуваше каков ли е тој поздрав.
30
И ангелот ѝ рече: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла благодат во Бога;
31
и ете, ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Му дадеш име Исус.
32
Тој ќе биде велик и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид;
33
и ќе царува над Јакововиот дом довека и Неговото царство нема да има крај.“
34
А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“
35
Ангелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе врз тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и Светиот, Кој ќе се роди, ќе се нарече Син Божји.
36
Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста и веќе е во шестиот месец;
37
зашто за Бога ништо не е невозможно.“
38
Марија, пак, рече: „Еве ја Господовата слугинка; нека ми биде според твоите зборови!“ И ангелот си отиде откај неа.
39
Во тие денови Марија стана и поита во горскиот крај, во Јудиниот град;
40
па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.
41
Штом Елисавета го слушна поздравот на Марија, детето заигра во нејзината утроба; и Елисавета се исполни со Светиот Дух,
42
па извика со силен глас и рече: „Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба!
43
И од каде кај мене ова, да дојде при мене мајката на мојот Господ?
44
Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав дојде до моите уши, детето радосно заигра во мојата утроба.
45
И блажена е таа што поверува дека ќе се исполни она што ѝ е кажано од Господ.“
46
А Марија рече: „Мојата душа Го велича Господ
47
и мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител,
48
зашто погледна на смиреноста на Својата слугинка и, ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;
49
зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;
50
и Неговата милост е од поколение на поколение за оние што се бојат од Него.
51
Тој покажа сила со Својата рака; ги распрсна оние што се гордеат со мислите на своите срца;
52
ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените;
53
гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;
54
го прифати Израил, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста,
55
како што им зборуваше на нашите татковци, на Авраам и на неговото потомство довека.“
56
И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
57
А на Елисавета ѝ дојде времето да роди, и таа роди син.
58
Кога нејзините соседи и роднини слушнаа дека Господ ја удостоил со Својата милост, се радуваа со неа.
59
На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името Захарија, по татко му.
60
Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“
61
И ѝ рекоа: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“
62
И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.
63
Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.
64
И веднаш му се отвори устата, и јазикот му се раврза, и тој прозборе, благословувајќи Го Бога.
65
И сите соседи ги обзеде страв; и се разгласи за овој настан по целата горска Јудеја.
66
Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И Господовата рака беше со него.
67
А татко му Захарија се исполни со Светиот Дух и пророкуваше, говорејќи:
68
„Нека е благословен Господ, Израилевиот Бог, зашто го посети и го избави Својот народ;
69
и подигна за нас моќно спасение, во домот на Својот слуга Давид;
70
како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,
71
дека ќе нѐ спаси од нашите непријатели и од рацете на сите што нѐ мразат;
72
за да покаже милост над нашите татковци и да си спомне за Својот свет завет,
73
на заклетвата со која му се заколна на нашиот татко Авраам, дека ќе ни даде
74
избавување од рацете на нашите непријатели, без страв да Му служиме
75
во светост и правда пред Него, во сите денови од нашиот живот.
76
А ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му ги подготвиш Неговите патишта
77
и да му дадеш на Неговиот народ да го познае спасението преку простување на гревовите,
78
а поради големото милосрдие на нашиот Бог, со кое нѐ посети Исток од висините,
79
за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенката на смртта, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.“
80
А детето растеше и крепнеше со духот, и беше во пустина до денот кога се покажа пред Израил.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24