bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 2
Luke 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 3 →
1
Во тие денови излезе заповед од цезарот Август да се попише сето население.
2
Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија.
3
И одеа сите да се запишат, секој во својот град.
4
Па така и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, отиде во Јудеја, во Давидовиот град, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и од родот на Давид,
5
за да се запише со својата свршеница Марија, која беше зачнала.
6
А кога беа таму, се исполнија деновите за таа да роди,
7
и Го роди својот првороден Син, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.
8
Во тој крај имаше пастири кои престојуваа во полето и чуваа ноќна стража крај своето стадо.
9
И ете, ангел Господов застана меѓу нив и Господовата слава ги осветли; и многу се исплашија.
10
А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви благовестам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;
11
зашто денес во Давидовиот град ви се роди Спасител, Кој е Христос Господ.
12
А ова ви е знакот: ќе најдете повиено Дете, Кое лежи во јасли.“
13
И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:
14
„Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“
15
Кога ангелите си заминаа од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме тоа што се случило, како што ни соопшти Господ.“
16
И брзо дојдоа и ги најдоа Марија и Јосиф со Детето Кое лежеше во јасли.
17
А штом Го видоа, соопштија за сѐ што им беше речено за Тоа Дете.
18
И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите.
19
А Марија ги запази сите тие зборови, и размислуваше за нив во своето срце.
20
И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што беа чуле и виделе, како што им беше речено.
21
А кога се навршија осум дена и требаше да Го обрезат Детето, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнато во утробата.
22
И штом се навршија деновите за нивното очистување, според Мојсеевиот Закон, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ,
23
како што е напишано во Господовиот Закон дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ;
24
и да се принесе жртва, како што е речено во Господовиот Закон, две гугутки или две гулапчиња.
25
А тогаш во Ерусалим имаше еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја очекуваше Израилевата утеха; и Светиот Дух беше на него.
26
Нему му беше откриено од Светиот Дух дека нема да види смрт додека не Го види Христос Господов.
27
И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа Детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според Законот,
28
тој Го зеде во своите раце, Го благослови Бога и рече:
29
„Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според Твојот збор,
30
зашто моите очи го видоа спасението Твое
31
што си го приготвил пред лицето на сите народи;
32
светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израил.“
33
А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што беше речено за Него.
34
Па Симеон ги благослови и ѝ рече на Неговата мајка Марија: „Еве, Овој е поставен за паѓање и за издигнување на мнозина во Израил, и е знак против Кого ќе се говори.
35
А и тебе самата меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“
36
Таму беше и пророчицата Ана, Фануиловата ќерка, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години по своето моминство.
37
Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години и не се оддалечуваше од храмот, служејќи со пост и молитва дење и ноќе.
38
Во тој час и таа пристапи и почна да Го слави Господ и им говореше за Него на сите што очекуваа избавување во Ерусалим.
39
И кога извршија сѐ според Господовиот Закон, се вратија во Галилеја, во својот град Назарет.
40
А Детето растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со мудрост; и Божјата благодат беше врз Него.
41
И секоја година Неговите родители одеа во Ерусалим за празникот Пасха.
42
А кога Тој беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според обичајот на празникот.
43
Но кога завршија празничните денови, додека се враќаа дома, Детето Исус остана во Ерусалим; а Јосиф и мајка Му не го забележаа тоа.
44
Мислејќи дека Тој е меѓу сопатниците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите.
45
Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим за да Го бараат.
46
По три дена Го најдоа во храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува.
47
А сите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од одговорите.
48
Кога Го видоа, се зачудија; и мајка Му Му рече: „Синко, зошто ни направи така? Ете, татко Ти и јас со голема болка Те баравме.“
49
А Тој им рече: „Зошто сте Ме барале? Зар не знаевте дека Јас треба да бидам во она што е на Мојот Отец?“
50
Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа.
51
И Тој слезе со нив, па дојде во Назарет и им беше послушен. А мајка Му ги запази сите тие зборови во своето срце.
52
Исус, пак, напредуваше во мудроста, и во возраста и во милоста кај Бога и кај луѓето.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
Recommended Reading
Commentary
Luke Commentaries
→
Devotional
Luke Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Нов Превод на Новиот Завет ) Study Bible
→