bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 6
Luke 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
1
Во втората сабота по Пасха се случи да мине низ нивите, а Неговите ученици кинеа класја и, триејќи ги со рацете, јадеа.
2
А некои од фарисеите им рекоа: „Зошто го правите тоа што не е допуштено да се прави во сабота?“
3
Исус им одговори и рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне, тој и оние што беа со него?
4
Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите на предложението и јадеше, па им даде на оние што беа со него, а од нив не е допуштено да јаде никој освен свештениците?“
5
И им рече: „Синот Човечки е господар и на саботата.“
6
Се случи и во друга сабота да влезе во синагогата и да поучува; а таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена.
7
Книжниците и фарисеите внимаваа на Него дали ќе го излекува во сабота, за да можат да Го обвинат.
8
Но Тој ги знаеше нивните помисли и му рече на човекот со исушената рака: „Стани и застани насреде!“ И тој стана и застана.
9
Тогаш Исус им рече: „Ќе ве запрашам: што е дозволено да се прави во сабота – добро или зло? Да се спаси еден живот или да се уништи?“
10
Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја својата рака!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата.
11
А тие се избезумија и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.
12
Тие денови Исус се искачи на една гора за да се помоли и целата ноќ ја помина во молитва кон Бога.
13
А кога се раздени, ги повика Своите ученици и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли:
14
Симон, кого го нарече Петар, и брат му Андреј; Јаков и Јован; Филип и Вартоломеј;
15
Матеј и Тома; Јаков Алфеев и Симон, наречен Зилот;
16
Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.
17
Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и големо мноштво луѓе од цела Јудеја, и од Ерусалим и од крајбрежјето на Тир и на Сидон. Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од своите болести,
18
а беа излечени и оние што страдаа од нечисти духови.
19
И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и сите ги лекуваше.
20
А Тој ги подигна очите кон Своите ученици и им говореше: „Блажени сте вие бедните, зашто ваше е царството Божјо!
21
Блажени сте вие, кои сега гладувате, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се смеете!
22
Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве отфрлат и ќе ве навредуваат и ќе го разгласат вашето име како лошо, поради Синот Човечки!
23
Зарадувајте се во оној ден и заиграјте, зашто голема е вашата награда на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците!
24
Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха!
25
Тешко вам презаситени, зашто ќе огладнете! Тешко вам кои сега се смеете, зашто ќе заридате и ќе заплачете!
26
Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас, зашто и нивните татковци така им правеа на лажните пророци!
27
Но вам, кои слушате, ви велам: љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние што ве мразат;
28
благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат!
29
На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што ќе ти ја земе наметката, подај му ја и туниката.
30
На секој што бара од тебе, дај му, и од оној што ти зема нешто, не барај да ти врати!
31
Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
32
И ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги љубат оние кои нив ги љубат.
33
И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Зашто и грешниците го прават истото.
34
И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото.
35
Туку вие љубете ги вашите непријатели, и правете добро и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон злобните.
36
И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“
37
„Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; простувајте и ќе ви биде простено;
38
давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви дадат во пазувите; зашто со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“
39
И им кажа парабола: „Може ли слеп да води слеп? Зар нема и обајцата да паднат во јама?
40
Ученикот не е поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и неговиот учител.
41
И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?
42
Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја извадам раската од окото, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш, за да ја извадиш раската од окото на својот брат.“
43
„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво што дава добар плод.
44
Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина.
45
Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а злобниот човек од злобната ризница на своето срце изнесува зло, зашто неговата уста го зборува она со што му е исполнето срцето.“
46
„И зошто Ме повикувате: ’Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам?
47
Ќе ви покажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша Моите зборови, и ги исполнува.
48
Тој прилега на човек кој, градејќи куќа, копал длабоко и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката навали на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на камен.
49
А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога надојде реката веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше страшно.“
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24