bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 22
Luke 22
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
1
Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2
а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот.
3
Тогаш сатаната влезе во Јуда, наречен Искариотски, кој беше вброен меѓу дванаесеттемина.
4
И кога отиде, се договори со првосвештениците и со началниците како да им Го предаде.
5
Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат пари.
6
Тој се согласи и бараше погодно време да им Го предаде без присуство на народот.
7
И дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне;
8
па Исус ги испрати Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ја Пасхата за нас, за да јадеме!“
9
А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“
10
Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек што носи стомна со вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе,
11
и кажете му на домаќинот од куќата: ’Учителот ти вели: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?‘
12
И тој ќе ви покаже голема послана соба на горниот кат; таму пригответе.“
13
Па кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија Пасхата.
14
А кога дојде времето, Тој седна на трпезата и дванаесеттемина апостоли со него.
15
И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас пред да пострадам;
16
зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“
17
И откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и разделете меѓу себе,
18
зашто, ви велам, повеќе нема да пијам од лозовиот плод, додека не дојде царството Божјо.“
19
Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело кое се дава за вас; правете го ова во Мој спомен!“
20
Исто така направи и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв, која се пролева за вас.
21
Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.
22
Синот Човечки заминува, според она што е определено, но тешко му на оној човек што ќе Го предаде.“
23
И почнаа да се прашуваат меѓу себе, кој ли е тој од нив што ќе го направи тоа?
24
А се појави меѓу нив и препирка кој од нив да се смета за поголем.
25
Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите и оние што управуваат над нив се викаат добротвори.
26
Вие, пак, немојте така; туку поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот и старешината да биде како служителот.
27
Зашто кој е поголем – тој што седи на трпеза или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како служител.
28
Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите искушенија
29
и вам ви заветувам царство, како што Мене Ми завети Мојот Отец,
30
за да јадете и да пиете на Мојата трпеза во Моето царство, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви племиња.“
31
И Господ рече: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица;
32
но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти, кога ќе се вратиш, укрепи ги твоите браќа!“
33
А тој Му одговори: „Господи, подготвен сум да одам со Тебе и во затвор и во смрт.“
34
Но Тој му рече: „Ти велам, Петар, нема денес да пропее петелот, додека ти трипати не одречеш дека Ме познаваш.“
35
Па им рече: „Кога ве праќав без ќесе и без торба, и без обувки, дали ви недостасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“
36
Тогаш им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож;
37
зашто, ви велам, на Мене треба да се исполни и ова од Писмото: ’И меѓу беззаконици Го вброија.‘ Зашто она што се однесува за Мене, се исполнува.“
38
А тие рекоа: „Господи, еве овде има два ножа.“ Тој им одговори: „Доволни се.“
39
И излегувајќи, Тој, како и вообично, отиде кон Маслиновата Гора; а по Него одеа и Неговите ученици.
40
Па штом дојде на тоа место, им рече: „Молете се да не паднете во искушение!“
41
И Тој се одвои од нив, колку камен што може да се дофрли, па откако падна на колена, се молеше,
42
велејќи: „Оче, ако сакаш, отклони ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата!“
43
И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44
Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му стана како капки крв што паѓаа на земјата.
45
Штом стана од молитвата, дојде кај Своите ученици и ги најде заспани од тага.
46
И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се, за да не паднете во искушение!“
47
Уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе и еден од дванаесеттемина, наречен Јуда, ги предводеше; и Му пристапи на Исус да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: „Оној што ќе Го целивам, Тој е.“
48
А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“
49
Оние, пак, што беа околу Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“
50
И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.
51
А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре неговото уво и го исцели.
52
А на првосвештениците и на управителите на храмот и на старешините што беа дошле против Него, Исус им рече: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови?
53
Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашиот час и власта на темнината.“
54
И кога Го фатија, Го поведоа и Го доведоа во домот на првосвештеникот. А Петар ги следеше оддалеку.
55
Кога запалија оган насреде дворот и седнаа заедно, седна и Петар меѓу нив.
56
А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, се загледа во него и рече: „И овој беше со Него!“
57
Но тој одрече, велејќи: „Жено, не Го познавам!“
58
Малку потоа го виде друг и рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“
59
А откако мина околу еден час, некој друг почна да тврди, зборувајќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“
60
Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И веднаш, уште додека говореше, запеа петел.
61
Тогаш Господ се заврте и го погледна Петар, а Петар се сети на Господовите зборови што Му ги беше рекол: „Уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“
62
Па Петар излезе надвор и горко заплака.
63
А луѓето што Го држеа Исус, се исмеваа со Него и Го тепаа.
64
Па, откако Го покрија, Го удираа по лицето и го прашуваа, велејќи: „Погоди кој Те удри?“
65
И многу други хули рекоа против Него.
66
А кога се раздени, се собраа старешините на народот, првосвештениците и книжниците и Го одведоа во својот Синедрион, и рекоа:
67
„Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „Ако ви кажам, нема да поверувате.
68
А, ако ве запрашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите.
69
Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на Божјата сила.“
70
И сите рекоа: „Ти си, значи, Синот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“
71
А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Зашто ние самите чувме од Неговата уста.“
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24