bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 11
Luke 11
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 12 →
1
Еднаш Тој беше на едно место и се молеше. Кога заврши, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нѐ да се молиме, како што Јован ги научи своите ученици.“
2
А Тој им рече: „Кога се молите, говорете: ’Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
3
лебот наш насушен давај ни го секој ден;
4
и прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот!‘“
5
И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ’Пријателе, позајми ми три леба,
6
зашто ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам.‘
7
И ако оној одвнатре му одговори и рече: ’Не ме обеспокојувај; вратата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти дадам‘,
8
ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.
9
И Јас ви велам: Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
10
Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа и на оној што чука – ќе му се отвори.
11
И кој татко меѓу вас, ако синот му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, ќе му даде змија наместо риба?
12
Или, ако побара јајце, ќе му даде скорпија?
13
Па така, ако вие, кои сте зли, умеете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе небесниот Отец ќе им Го даде Светиот Дух на оние што Му бараат?“
14
Еднаш Тој истера еден демон, кој беше нем, а кога демонот излезе, немиот проговори; и народот се восхити.
15
Но некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува демоните преку Велзевул, началникот на демоните.“
16
А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото.
17
Но Тој, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа.
18
Па така, и сатаната ако се поделил сам против себе, како ќе опстои неговото царство? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам демоните.
19
И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, тогаш преку кого ги изгонуваат вашите синови? Затоа, тие ќе ви бидат судии.
20
Ако, пак, со Божји прст ги изгонувам демоните, тогаш до вас дошло царството Божјо.
21
Кога силен, вооружен човек, го чува својот двор, тогаш неговиот имот е во безопасност.
22
Но кога ќе го нападне некој посилен од него и ќе го надвладее, тој ќе му го земе сето негово оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.
23
Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.
24
Кога нечистот дух ќе излезе од човекот, тој минува преку безводни места и бара спокојство; и не наоѓајќи, вели: ’Ќе се вратам во мојот дом, од каде што излегов.‘
25
И штом ќе дојде, го наоѓа изметен и среден.
26
Тогаш оди и доведува други седум духа, полоши од себе, и кога ќе влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата.“
27
Додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела и градите од кои си доен!“
28
А Тој рече: „Навистина, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо и го чуваат.“
29
А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Ова поколение е лукаво; бара знак, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;
30
зашто, како што Јона стана знак за Ниневјаните, така и Синот Човечки ќе биде за ова поколение.
31
Јужната царица ќе се крене на Судот со луѓето од ова поколение и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон; а ете, тука е поголем од Соломон.
32
И Ниневјаните ќе се кренат на Судот со ова поколение и ќе го осудат, зашто тие се покајаа преку проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
33
Никој не става запалено светило на сокриено место, ниту под поклопец, туку на светилник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат.
34
Светило на телото е окото. Ако твоето око е здраво, и целото твое тело е светло; а ако е лошо, и твоето тело е темно;
35
затоа внимавај светлината што е во тебе да не е темнина.
36
Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде толку светло, како кога светило те осветлува со својот сјај.“
37
И кога Тој зборуваше, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој влезе и седна на трпеза.
38
Фарисејот се зачуди кога виде дека Тој не си ги изми рацете пред јадење.
39
Но Господ му рече: „Ете, вие фарисеите ја миете надворешноста на чашата и на чинијата, а внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство.
40
Безумници! Оној што го направи надворешното, не го направи ли и внатрешното?
41
Но давајте милостина од она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чисто.
42
Но тешко вам, фарисеи, зашто давате десеток од нане и рута и од секаков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го пропуштате.
43
Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на предни места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!
44
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како незабележливи гробови врз кои луѓето, не знаејќи, поминуваат.“
45
На тоа некој од закониците Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“
46
Но Тој рече: „Тешко и вам, законици, зашто ги товарите луѓето со товари што не можат да ги поднесат, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие товари.
47
Тешко вам, бидејќи им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци;
48
Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници.
49
Затоа и мудроста Божја рече: ’Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат‘;
50
за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51
од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52
Тешко вам, законици, зашто го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да влезат им попречивте.“
53
А кога им го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа жестоко да Го напаѓаат и да навалуваат со разни прашања;
54
Го демнеа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста за да Го обвинат.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24