bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 21
Luke 21
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 22 →
1
Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во ризницата на храмот.
2
Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,
3
па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица приложи повеќе од сите;
4
сите овие приложија дарови на Бога од својот вишок; а таа од својата сиромаштија ја даде сета издршка што ја имаше.“
5
И додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и со заветни дарови, Тој им рече:
6
„Ќе дојдат денови кога од сето ова што го гледате нема да остане ниту камен на камен што не ќе биде урнат.“
7
Го прашаа, пак, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков ќе биде знакот дека тоа почнува да се случува?“
8
Тој рече: „Пазете се да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, и ќе зборуваат дека сум Јас и дека времето се приближи. Но не одете по нив!
9
А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба најнапред да се случи, но крајот не е веднаш.“
10
Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство;
11
а на некои места ќе има и големи земјотреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци од небото.
12
А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве гонат, предавајќи ве во синагогите и во затворите, и ќе ве водат пред цареви и управители заради Моето име.
13
Тоа, пак, ќе ви служи за сведоштво.
14
Затоа врежете во вашите срца, да не размислувате однапред што ќе кажете во одбрана,
15
зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да ѝ противречат ниту да ѝ се спротивстават сите ваши противници.
16
Ќе бидете предадени и од родители, и од роднини и од пријатели, и од браќа, а некои од вас ќе бидат и убиени;
17
и ќе бидете намразени од сите заради Моето име.
18
Но ниту влакно од вашата глава нема да загине.
19
Преку трпение ќе ги сочувате своите души.“
20
„А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, тогаш знајте дека е блиску неговото запустување.
21
Тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него,
22
зашто тоа се денови на одмазда, за да се исполни сѐ што е напишано.
23
Тешко на бремените и на доилките во тие денови, зашто ќе има голема мака по земјата, и гнев врз овој народ;
24
и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во ропство меѓу сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабошци, сѐ додека не се исполнат времињата на незнабошците.“
25
„И ќе има знаци на сонцето, и на месечината и на ѕвездите, а на земјата – мачнина кај народите од неизвесноста поради бучењето на морето и на брановите;
26
луѓето ќе издивнуваат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто небесните сили ќе бидат разнишани.
27
И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облак, со голема сила и слава.
28
А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги своите глави, зашто се приближува вашето избавување.“
29
И им ја кажа оваа парабола: „Погледнете ја смоквата и сите дрвја;
30
кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете дека летото е веќе близу.
31
Па така и вие, кога ќе видите дека ова се случува, знајте дека се приближи царството Божјо.
32
Вистина ви велам, нема да помине ова поколение, додека сето ова не се случи.
33
Небото и земјата ќе поминат, но зборовите Мои нема да поминат.“
34
„Но внимавајте на себе: вашите срца да не натежнат од прејадување, пијанство и животни грижи, за да не ве затекне ненадејно оној ден;
35
зашто тој ќе дојде како стапица за сите што живеат по лицето на целата земја;
36
и така, бидете будни во секое време, молејќи се, за да се удостоите да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки!“
37
Дење Тој беше во храмот и поучуваше, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората наречена Маслинова.
38
И сиот народ од рано утро доаѓаше кај Него во храмот, за да Го слуша.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24