bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 23
Luke 23
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 24 →
1
И целото мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат
2
и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот и забранува да се дава данок на цезарот и вели за себе дека Тој е Христос, Цар.“
3
Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“
4
Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава вина кај Овој Човек.“
5
Но тие настојуваа велејќи дека Тој го побунува народот, поучувајќи по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, па до овде.
6
А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: „Зар Овој Човек е Галилеец?“
7
И кога разбра дека Тој е од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Ерусалим.
8
А Ирод, пак, кога Го виде Исус, многу се зарадува бидејќи одамна имаше желба да Го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него;
9
и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не му одговори.
10
А првосвештениците и книжниците стоеја и жестоко Го обвинуваа.
11
Ирод, пак, со своите војници, откако Го омаловажи и Го исмеа, Му облече раскошна облека и Го прати назад кај Пилат.
12
Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто претходно беа во меѓусебно непријателство.
13
Тогаш Пилат ги повика првосвештениците, началниците и народот,
14
па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како некој што го бунтува народот; и ете, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина за она за што Го обвинувате;
15
а ниту Ирод, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт;
16
па затоа, откако ќе Го казнам, ќе Го ослободам.“
17
А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.
18
Но тие сите заедно повикаа, говорејќи: „Земи Го Овој, а ослободи ни го Варава!“;
19
тој беше фрлен в затвор поради некаква буна во градот и убиство.
20
Пилат одново повика, сакајќи да Го ослободи Исус.
21
Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни Го!“
22
Тој и по третпат им рече: „Но, какво зло направил Овој? Јас не најдов во Него ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“
23
Тие, пак, гласно викајќи, настојуваа и бараа Тој да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и на првосвештениците.
24
И Пилат одлучи да го исполни нивното барање,
25
па, како што бараа, го ослободи Варава кој беше во затвор поради бунт и убиство, а Исус Го предаде на нивната волја.
26
И кога Го поведоа, фатија некој Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, и му го ставија крстот, за да го носи по Исус.
27
А по Него одеше големо мноштво од народот и жени, кои плачеа и ридаа за Него.
28
Но Исус се заврте кон нив и им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите чеда;
29
зашто, ете, доаѓаат денови кога ќе се рече: ’Блажени се неплодните и утробите што не родиле и градите што не доеле!‘
30
Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ’Паднете врз нас‘, и на ридиштата: ’Покријте нѐ!‘
31
Зашто, кога ова го прават со суровото дрво, што ќе биде тогаш со сувото?“
32
Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него.
33
И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот од десната, а другиот од левата страна.
34
А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога ја делеа Неговата облека, фрлија ждрепка.
35
А народот стоеше и гледаше; а и старешините се потсмеваа со Него велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Себеси, ако е Тој Христос, Божјиот избраник!“
36
А Му се потсмеваа и војниците, кои приоѓаа, Му принесуваа оцет,
37
и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Себеси!“
38
А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Царот Јудејски.“
39
Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас!“
40
А другиот, одговорајќи му, го укори и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога веќе и самиот си осуден?
41
Ние сме праведно осудени, зашто го примивме заслуженото според нашите дела; но Тој ништо лошо не направил.“
42
И Му рече на Исус: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во Своето царство!“
43
А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“
44
А беше веќе околу шестиот час и настана темнина по целата земја, до деветтиот час;
45
и сонцето се помрачи и завесата од храмот се расцепи преку средината.
46
А Исус извика со силен глас и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!“ И штом го рече тоа, издивна.
47
Стотникот, пак, кога виде што се случи, Го прослави Бога и рече: „Навистина Овој Човек бил праведник!“
48
И сиот народ што се беше собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше удирајќи се в гради.
49
А сите Негови познати, и жените, кои одеа по Него од Галилеја, стоеја оддалеку и го гледаа тоа.
50
Имаше еден човек по име Јосиф, член на Советот, добар и праведен,
51
кој не се согласи со нивната одлука и нивното дело. Тој беше од јудејскиот град Ариматеја и самиот го очекуваше царството Божјо.
52
Тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело;
53
па откако го симна и обви во платно, го положи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен.
54
Тој ден беше петок и веќе настапуваше саботата.
55
А жените, кои беа дошле со Исус од Галилеја, го следеа и го видоа гробот и полагањето на Неговото тело,
56
па откако се вратија, приготвија мириси и миро; а во саботата одмараа според заповедта.
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 24 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24