bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 5
Luke 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 6 →
1
Кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, а Тој стоеше покрај Генисаретското езеро,
2
виде два кораба што стоеја на крајот од езерото; а рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите.
3
Тој влезе во еден од корабите, кој беше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, та седна и почна да го поучува народот од коработ.
4
А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги своите мрежи за лов!“
5
А Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но штом Ти велиш, ќе ја фрлам мрежата.“
6
И штом го направија тоа, уловија толку многу риби што дури и мрежата им се кинеше.
7
И им дадоа знак на другарите што беа во другиот кораб да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија двата кораба, толку многу што почнаа да тонат.
8
А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред Исусовите нозе и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“
9
Зашто него и сите што беа со него ги беше обзел страв од ловот на рибите, што ги фатија,
10
а исто така и Јаков и Јован, Зеведеевите синови, кои му беа другари на Симон. И Исус му рече на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе!“
11
Кога ги извлекоа двата кораба на брегот, оставија сѐ и тргнаа по Него.
12
А кога Исус беше во еден град, ете еден човек, сиот лепрозен, штом Го виде Исус, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш.“
13
Тој, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата отиде од него.
14
И Тој му заповеда никому да не кажува, туку: „за сведоштво пред нив, оди и покажи му се на свештеникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што одредил Мојсеј!“
15
Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу народ доаѓаше да Го слуша и преку Него да се излекува од своите болести.
16
А Тој се повлекуваше во пустините и се молеше.
17
Еден ден, додека Тој поучуваше, таму седеа фарисеи и учители на Законот, кои беа дошле од сите села на Галилеја и на Јудеја, и од Ерусалим; а Тој имаше Господова сила да лекува.
18
И, ете, некои мажи донесоа на постела еден човек, што беше неподвижен, и се обидуваа да го внесат и да го положат пред Него;
19
па, бидејќи не најдоа од каде да го внесат поради мноштвото народ, се качија на кровот и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус.
20
А Тој, штом ја виде нивната вера, му рече: „Човеку, ти се простуваат гревовите!“
21
Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат, велејќи си: „Кој е Овој што богохули? Кој може да простува гревови, освен Единиот Бог?“
22
А Исус, знаејќи ги нивните мисли, им одговори и рече: „Што размислувате во своите срца?
23
Што е полесно да се каже: ’Ти се простуваат гревовите‘, или да се каже: ’Стани и оди?‘
24
Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да простува гревови“; на неподвижниот му рече: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“
25
И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде дома, славејќи Го Бога.
26
И сите ги обзеде восхит и Го славеа Бога; па, исполнети со страв, говореа: „Денес видовме чудесни работи!“
27
А потоа Исус излезе и виде еден даночник, по име Левиј, кој седеше во местото за прибирање данок, и му рече: „Врви по Мене!“
28
Тој остави сѐ, стана и тргна по Него.
29
И во својот дом Левиј Му приготви голема гозба; а таму имаше многу даночници и други што седеа со нив на трпезата.
30
А фарисеите и нивните книжници негодуваа кон Неговите ученици, велејќи: „Зошто јадете и пиете со даночници и грешници?“
31
Одговарајќи, Исус им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните;
32
не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.“
33
А тие Му рекоа: „Зошто учениците на Јован, како и оние на фарисеите, често постат и се молат, а Твоите јадат и пијат?“
34
Тој им рече: „Зар можете да ги натерате сватовите да постат додека младоженецот е со нив?
35
Но ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен и тогаш, во тие денови, ќе постат.“
36
Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не отсекува парче од нова облека за да го пришие на стара облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега парче од новата.
37
И никој не налива ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат;
38
туку, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се зачуваат и двете.
39
И никој што пиел старо вино, нема веднаш да посака ново; зашто вели: ’Старото е подобро.‘“
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24