bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 19
Luke 19
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 20 →
1
Потоа Исус влезе во Ерихон и минуваше низ него.
2
И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на даночниците и беше богат,
3
настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст.
4
Затоа потрча напред и се качи на една дива смоква за да Го види, бидејќи Тој требаше да помине покрај неа.
5
И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.“
6
И тој веднаш слезе и Го прими со радост.
7
И сите што го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде на гости кај грешен човек.“
8
А Закхеј застана и Му рече на Господ: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако некого сум оштетил, четворно ќе вратам.“
9
А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син на Авраам.
10
Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е загубено.“
11
А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи Тој беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека веднаш ќе се појави царството Божјо,
12
па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати.
13
Тогаш повика десетмина од своите слуги, им даде десет мини и им рече: ’Тргувајте со нив, додека да се вратам!‘
14
Но граѓаните го мразеа и испратија по него свои претставници, да кажат: ’Не сакаме тој да царува над нас.‘
15
А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги на кои им ги беше дал парите, за да види кој колку спечалил.
16
Дојде првиот и му рече: ’Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘
17
И господарот му рече: ’Убаво, добар слуго; бидејќи во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘
18
Дојде и вториот и рече: ’Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘
19
А тој и нему му рече: ’И ти биди над пет градови.‘
20
Дојде и друг, велејќи: ’Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував заврзана в крпа,
21
зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш каде што не си сеел.‘
22
А тој му рече: ’Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум строг човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам каде што не сум сеел;
23
тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците со пари, та кога ќе се вратам, да си ги соберам со добивка?‘
24
Па им рече на присутните: ’Земете ја од него мината и дајте му ја на оној што има десет мини!‘
25
И му рекоа: ’Господаре, тој има десет мини!‘
26
Ви велам дека секому што има ќе му се даде; а од оној што нема, ќе се одземе и она што го има.
27
А оние мои непријатели, што не сакаат да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!“
28
Па откако го рече тоа, Тој тргна напред, искачувајќи се кон Ерусалим.
29
И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до гората наречена Маслинова, испрати двајца од Своите ученици,
30
велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано прле, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го!
31
И ако ве праша некој: ’Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ’Тоа Му е потребно на Господ.‘“
32
Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол.
33
И кога го одврзуваа прлето, стопаните негови им рекоа: „Зошто го одврзувате прлето?“
34
Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ.“
35
И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија своите алишта на прлето, Го качија Исус.
36
И додека Тој минуваше, ги постилаа своите облеки по патот.
37
А кога веќе наближи до подножјето од Маслиновата Гора, целото мноштво ученици, радувајќи се, почна велегласно да Го прославува Бога за сите велики дела што ги видоа,
38
велејќи: „Благословен е Царот што доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините!“
39
А некои фарисеи од толпата Му рекоа: „Учителе, укори ги Твоите ученици!“
40
Но Тој им одговори и рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“
41
А кога се приближи и го виде градот, заплака за него
42
и рече: „Кога би можел во овој твој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа сега е сокриено од твоите очи.
43
Зашто ќе дојдат денови за тебе кога твоите непријатели ќе те опкружат со ровови, и ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни;
44
и ќе те срамнат со земја, и тебе и твоите чеда во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посетен.“
45
И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него,
46
велејќи им: „Напишано е: ’Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“
47
И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците, книжниците и старешините на народот, настојуваа да Го погубат,
48
но не најдоа како да Му го направат тоа, зашто целиот народ се приврзуваше за Него и Го слушаше.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24