bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 16
Luke 16
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
1
А на Своите ученици им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник, кој беше наклеветен пред него дека го растура неговиот имот.
2
И тој го повика и му рече: ’Што е ова што слушам за тебе? Дај отчет за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘
3
А настојникот си рече во себе: ’Што да правам? Мојот господар ми го одзема раководењето; да копам – не можам, да просам – се срамам.
4
Знам што да направам, за да ме примат во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето.‘
5
И повикувајќи ги должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ’Колку му должиш на мојот господар?‘
6
Тој одговори: ’Сто мери масло.‘ И му рече: ’Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘
7
Потоа му рече на другиот: ’А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ’Сто мери пченица.‘ И му рече: ’Земи си ја потврдата и напиши осумдесет!‘
8
И господарот го пофали несправедливиот настојник, оти постапил досетливо; зашто синовите на овој свет се подосетливи кон својот род од синовите на светлината.
9
И јас ви велам: стекнете си пријатели преку неправедно богатство, па, кога ќе осиромашите, да бидете примени во вечните живеалишта.
10
Верниот во малку и во многу е верен, а неправедниот во малку и во многу е неправеден.
11
Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12
И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13
Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.“
14
Сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци, и Му се потсмеваа.
15
Па им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, одвратност е за Бога.
16
Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се благовести за царството Божјо и секој со усилба влегува во него.
17
Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18
Секој што ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба, и секој што се жени со онаа што ја оставил мажот, прави прељуба.“
19
„Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила и секој ден се веселеше во раскош.
20
А беше и еден сиромав, по име Лазар, кој лежеше пред неговата порта сиот покриен со красти,
21
и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа неговите рани.
22
Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во пазувите на Авраам; умре и богатиот и го погребаа.
23
И додека беше во маки во пеколот, ги подигна своите очи и го виде оддалеку Авраам, и Лазар во неговите пазуви.
24
Тогаш тој извика и рече: ’Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Лазар да го натопи врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто страдам во овој пламен!‘
25
Но Авраам рече: ’Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, овде тој се утешува, а ти страдаш.
26
А згора на сѐ, меѓу вас и нас поставена е голема бездна така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не можат да преминат кај нас.‘
27
А тој рече: ’Тогаш, те молам, оче, прати го во куќата на татко ми,
28
зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘
29
Но, Авраам му рече: ’Тие ги имаат Мојсеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘
30
А тој рече: ’Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘
31
Авраам му рече: ’Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да се уверат.‘“
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24