bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 10
Luke 10
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 11 →
1
Потоа Господ назначи и други седумдесетмина и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде и Сам сакаше да оди,
2
и им рече: „Жетвата е голема, а работниците се малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници за Својата жетва.
3
Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагниња среде волци.
4
Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого по патот не поздравувајте!
5
Во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ’Мир на овој дом!‘
6
Па, ако има таму некој син на мирот, вашиот мир ќе почива на него; а ако, пак, нема, тој ќе се врати во вас;
7
и во таа куќа останете, и јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа.
8
Кога ќе влезете во некој град, и ќе ве примат, јадете што ќе ви се принесе;
9
лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ’Се приближи до вас царството Божјо.‘
10
А кога ќе влезете во некој град и не ве примат, излезете по неговите улици и кажете:
11
’И правта од вашиот град што се прилепила на нашите нозе, ви ја истресуваме; но знајте го тоа дека се приближи царството Божјо.‘
12
Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“
13
„Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Сидон се случеа великите дела што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пепел, ќе се беа покајале.
14
Но на Тир и Сидон ќе им биде полесно на Судот, отколку вам.
15
И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат.
16
Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.“
17
Се вратија, пак, седумдесеттемина со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се покоруваат.“
18
А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња!
19
Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја непријателска сила; и ништо нема да ви наштети;
20
но не радувајте се на тоа што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на небесата.“
21
Во тој час Исус се зарадува во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си им го открил на децата. Да, Оче, зашто таква беше Твојата волја.“
22
Па, откако се сврте кон учениците, рече: „Сѐ Ми е предадено од Мојот Отец; и никој не знае Кој е Синот, освен Отецот; и никој не знае Кој е Отецот, освен Синот, и оној кому Синот сака да му Го открие.“
23
И откако се сврте кон учениците, насамо им рече: „Блажени се очите кои го гледаат ова што го гледате вие.
24
Зашто ви велам: многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие и не видоа; и да чујат што слушате вие и не чуја.“
25
И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: „Учителе, што да направам за да наследам вечен живот?“
26
А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“
27
Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себеси!“
28
Му кажа: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“
29
Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мојот ближен?“
30
Исус му одговори и рече: „Еден човек, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа, го претепаа и си отидоа, оставајќи го полумртов.
31
Случајно слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, го одмина.
32
Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, го виде и го одмина.
33
Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали.
34
И откако пријде, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на својот добиток, го однесе во гостилница и се погрижи за него.
35
А утредента, на заминување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ’Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘
36
Кој од тие тројца ти се чини дека се покажа како ближен на оној што падна во рацете на разбојниците?“
37
А тој рече: „Оној што му покажа милост.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
38
И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом.
39
А таа имаше сестра што се викаше Марија, која седна до Исусовите нозе и го слушаше Неговото слово.
40
Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога пријде, Му рече: „Господи, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“
41
А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи.
42
Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе.“
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24