bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 24
Luke 24
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
1
Во првиот ден на седмицата, рано наутро, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, а со нив беа и некои други жени.
2
Но каменот го најдоа отстранет од гробот.
3
Кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус.
4
Додека се чудеа на тоа, ете, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во блескава облека;
5
тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6
Тој не е овде, туку воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Галилеја,
7
говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден во рацете на грешни луѓе, и да биде распнат и на третиот ден да воскресне.“
8
И се сетија на Неговите зборови.
9
Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесеттемина и на сите останати.
10
Тие, пак, беа Марија Магдалина, Јоана и Марија, мајката на Јаков, и останатите со нив, кои им го кажаа тоа на апостолите.
11
А нивните зборови им изгледаа како бесмислица и не им поверуваа.
12
Петар, пак, стана и отрча до гробот, па кога се наведна, ги виде оставени само повоите. И се врати, чудејќи се за она што се случило.
13
Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии.
14
И зборуваа меѓу себе за сите овие настани.
15
И додека разговараа и се расправаа меѓу себе, Самиот Исус се приближи и одеше со нив;
16
но на нивните очи не им беше дадено да Го познаат.
17
А Тој им рече: „Какви се тие зборови што одејќи, си ги разменувате меѓу себе, и зошто сте нажалени?“
18
Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Зар само Ти си туѓинец во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие денови?“
19
И ги праша: „Што?“ А тие Му одговорија: „За Исус од Назарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред целиот народ;
20
како нашите првосвештеници и началници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;
21
а ние се надевавме дека Тој е Оној што треба да го избави Израил; но и покрај сето тоа, денес е веќе третиот ден, откако се случи ова.
22
А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот,
23
и не го нашле Неговото тело; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели, кои им кажале дека Тој е жив.
24
Па и некои од нашите отидоа на гробот и најдоа сѐ така како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“
25
Тогаш им рече: „О, безумни и по срце спори да поверувате во сето она што го рекле пророците!
26
Не требаше ли Христос да пострада така и да влезе во Својата слава?“
27
Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им разјаснуваше што е кажано за Него во сите Писма.
28
А кога се приближија до селото во кое одеа, Тој се направи како да сака да продолжи.
29
Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе за да остане со нив.
30
А кога седна со нив на трпеза, го зеде лебот, го благослови, го прекрши и им подаде.
31
Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.
32
И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа во нас нашите срца, кога ни зборуваше по патот и кога ни ги објаснуваше Писмата?“
33
Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесеттемина и оние кои беа со нив,
34
кои говореа: Господ навистина воскресна и му се јави на Симон.
35
И тие раскажаа за она што им се беше случило по патот и како Го познаа кога го прекршуваше лебот.
36
Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана меѓу нив и им рече: „Мир вам!“
37
А тие, растреперени и преплашени, помислија дека гледаат дух.
38
Но Тој им рече: „Зошто сте вознемирени и зошто такви мисли влегуваат во вашите срца?
39
Видете ги Моите раце и нозе: Јас сум Истиот; допрете Ме и видете; зашто духот нема месо и коски, а, како што гледате, Јас имам.“
40
А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41
Но додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“
42
Тие Му дадоа парче печена риба и мед во саќе.
43
И кога зеде, јадеше пред нив.
44
Па им рече: „Ова се зборовите што ви ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, кај Пророците и во Псалмите.“
45
Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,
46
и им рече: „Така е напишано и така требаше Христос да пострада и да воскресне од мртвите на третиот ден,
47
и да биде проповедано во Негово име покајание и простување на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;
48
а вие сте сведоци за ова.
49
И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим додека не се облечете во сила одозгора.“
50
И ги изведе надвор до Витанија, па, подигнувајќи ги рацете, ги благослови.
51
И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото;
52
тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53
И беа постојано во храмот, прославувајќи Го и благословувајќи Го Бога. Амин!
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24