bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 8
Luke 8
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 9 →
1
Потоа Тој минуваше по градовите и селата, проповедајќи и благовестејќи го царството Божјо; а со Него беа дванаесеттемина,
2
и некои жени што беа излекувани од зли духови и болести: Марија, наречена Магдалина, од која беа излегле седум демони;
3
и Јоана, жената на Хуза, настојникот на Ирод, и Сузана и многу други, кои им служеа со своите имоти.
4
А бидејќи се насобра многу народ, и жителите од секој град доаѓаа кај Него, Тој им рече во парабола:
5
„Излезе сејач да сее семе. Додека сееше, едно падна покрај пат и беше изгазено, и небесните птици го исколваа;
6
а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага;
7
едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
8
а друго падна на добра земја и кога изникна, донесе стократен плод.“ Откако го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
9
А Неговите ученици Го прашаа, велејќи: „Што значи оваа парабола?“
10
Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на останатите ќе им се зборува со параболи, та гледајќи, да не видат и слушајќи, да не разберат!
11
А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
12
Она што падна покрај патот, тоа се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца, за да не поверуваат и да не се спасат;
13
а она на камен – тоа се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, а во време на искушенијата, тие отпаѓаат;
14
тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние што слушаат, но откако ќе заминат, се гушат од грижите, богатствата и насладите од овој живот и не донесуваат зрел плод;
15
а тоа што падна на добра земја, се тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
16
„Никој не го поклопува со сад светилото што го запалил, ниту го става под легло, туку го става на светилник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.
17
Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина.
18
Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има.“
19
Дојдоа кај Него мајка Му и Неговите браќа и не можеа да Му пристапат поради народот.
20
И Го известија, велејќи: „Мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Те видат.“
21
А Тој им одговори и рече: „Моја мајка и Мои браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“
22
Еден ден Тој влезе во кораб со Своите ученици и им рече: „Да минеме на другата страна од езерото!“ И појдоа.
23
Додека пловеа, Тој заспа. А над езерото се спушти ветровита бура, водата навлегуваше и тие беа во опасност.
24
И Му пристапија и Го разбудија, говорејќи: „Учителе, Учителе, загинуваме!“ А Тој, штом се разбуди, им заповеда на ветрот и на водните бранови; и тие се смирија и настана тишина.
25
И им рече: „Каде ви е верата?“ А тие уплашени, се чудеа, велејќи си еден на друг: „Кој е Овој што и на ветровите и на водата им заповеда и тие Му се покоруваат?“
26
И пристигна во гадаринскиот крај, што е спроти Галилеја.
27
А кога излезе на брегот, Го сретна еден човек од градот кој беше обземен од демони, и долго време не облекуваше алишта и не живееше дома, туку во гробовите.
28
Кога Го виде Исус, викајќи падна пред Него и гласно рече: „Што имаш со мене Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те молам, не мачи ме!“
29
А Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот, зашто долго време го мачеше. Го чуваа во вериги и со синџири го врзуваа, но тој ги раскинуваше оковите и демонот го тераше да оди по пусти места.
30
А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легион“, зашто многу демони беа влегле во него.
31
И Го молеа да не им наредува да одат во бездната.
32
А таму имаше големо стадо свињи, кое пасеше по ридот; па Го молеа да им допушти да влезат во нив. И Тој им допушти.
33
И откако излегоа демоните од човекот, влегоа во свињите; и стадото јурна низ стрмнината во езерото и се удави.
34
Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и селата.
35
И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле демоните, како седи пред Исусовите нозе, облечен и со здрав разум; и се исплашија.
36
А оние што беа виделе, им раскажаа како беше излечен опседнатиот од демони.
37
Сиот народ од гадаринскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто ги беше опфатил голем страв. И Тој влезе во коработ и се врати.
38
Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го молеше да биде со Него; но Исус го отпушти, велејќи:
39
„Врати се во својот дом и раскажувај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и разгласуваше по целиот град што направи Исус за него.
40
А кога Исус се врати, народот Го пресретна, зашто сите Го очекуваа.
41
И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управител на синагогата. Тој падна пред Исусовите нозе и Го молеше да влезе во неговиот дом,
42
зашто имаше ќерка единица на околу дванаесет години и таа умираше. А кога Исус одеше, народот се туркаше во Него.
43
И една жена, која дванаесет години боледуваше од крвотечение и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува,
44
пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението.
45
А Исус рече: „Кој се допре до Мене?“ Но бидејќи сите порекнуваа, Петар и оние што беа со Него Му рекоа: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ’Кој се допре до Мене?‘“
46
Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто почувствував дека од Мене излезе сила.“
47
Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.
48
А Тој ѝ рече: „Биди храбра ќерко, твојата вера те спаси; оди си во мир!“
49
Додека Тој уште зборуваше, дојде некој откај старешината на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“
50
Но Исус, штом го слушна тоа, му одговори и рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“
51
А кога пристигна во куќата, никому не му дозволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков и на таткото и мајката на девојката.
52
Сите плачеа и ридаа по неа. Но Тој им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“
53
И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.
54
А Тој, откако сите ги истера надвор, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“
55
И се поврати нејзиниот дух и таа веднаш стана, а Тој заповеда да ѝ дадат да јаде.
56
И нејзините родители се запрепастија. А Тој им заповеда никому да не кажуваат за настанот.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24