bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 12
Luke 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 13 →
1
Меѓутоа, кога се насобраа илјадници луѓе – така што се газеа еден со друг – Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квас, кој е лицемерие.
2
Нема ништо сокриено што не ќе се открие или тајно што нема да се дознае.
3
Затоа, она што сте го рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и она што сте го шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите.
4
А вам, на Моите пријатели, ви велам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат.
5
Ќе ви покажам од кого да се плашите: плашете се од Оној Кој, по убивањето, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се!
6
Зар не се продаваат пет врапчиња за две асарии? И ниедно од нив не е заборавено пред Бога.
7
А вам и влакната на главата ви се изброени. Па затоа, не плашете се; вие сте поскапи од многу врапчиња.
8
Ви велам: секој што ќе Ме признае пред луѓето и Синот Човечки ќе го признае пред Божјите ангели.
9
А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, тој ќе биде одречен пред Божјите ангели.
10
На секој што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но на оној, кој ќе похули на Светиот Дух, нема да му се прости.
11
А кога ќе ве одведат во синагогите и пред началствата и властите, не грижете се како ќе одговорите или што ќе кажете;
12
зашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час што треба да кажете.“
13
Некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“
14
А Тој му рече: „Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?“
15
Потоа им кажа: „Внимавајте! Чувајте се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот.“
16
И им кажа една парабола и рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу.
17
И тој размислуваше во себе, велејќи: ’Што да правам, бидејќи немам во што да ги соберам моите плодови.‘
18
Па рече – вака ќе направам: ќе ги урнам моите амбари и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето мое жито и сите мои добра,
19
и ќе ѝ речам на мојата душа: ’Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; успокој се, јади, пиј и весели се!‘
20
Но Бог му рече: ’Безумниче, ноќва ќе ти ја побараат твојата душа; тоа што си го приготвил, чие ќе биде?‘
21
Така се случува со оној што собира богатство за себе, а не се богати во Бога.“
22
Па им рече на Своите ученици: „Затоа ви велам: не грижете се за својот живот, што ќе јадете, ниту за телото, што ќе облечете.
23
Зашто душата е поважна од храната, и телото – од облеката.
24
Погледнете ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривница, ниту амбар и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?
25
А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?
26
И така, ако ниту најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за друго?
27
Погледнете ги криновите како растат! Ни се трудат, ниту предат; но ви велам дека ниту Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив.
28
Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, тогаш колку ли повеќе ќе ве облече вас, маловерни!?
29
Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте!
30
Сето тоа го бараат незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно.
31
Туку барајте го царството Божјо и сѐ ова ќе ви се придаде!
32
Не плаши се, мало стадо! Зашто вашиот Отец благоволи да ви го даде царството.
33
Продајте ги вашите имоти и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, неисцрпно богатство на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
34
зашто, каде што е вашето богатство, таму ќе ви биде и срцето.
35
Половината нека ви биде препашана и светилата – запалени!
36
А вие бидете подобни на луѓето што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш штом ќе дојде и почука.
37
Блажени се оние слуги што господарот ќе ги затече будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се препаша и ќе ги натера да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.
38
А ако дојде и на втора или на трета стража и ги затекне така, блажени се тие слуги!
39
Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата.
40
Затоа и вие бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во часот кога не се надевате!“
41
А Петар Му рече: „Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола или за сите?“
42
Тогаш Господ рече: „Кој е тој верен и мудар настојник, кого неговиот господар го поставил над своите слуги, за да им ја дава потребната храна навреме?
43
Блажен е тој слуга што неговиот господар, кога ќе дојде, ќе го најде дека постапува така!
44
Вистина ви велам дека него ќе го постави над целиот свој имот.
45
Ако, пак, тој слуга си рече во своето срце: ’Мојот господар уште долго време нема да дојде!‘, па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде и да пие и да се опива,
46
господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува и во час што не го знае, па ќе го расече на две и ќе му даде удел со неверните.
47
А оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил, ниту постапил според неговата волја, ќе биде многу тепан.
48
Кој, пак, не знаел, но направил нешто што заслужува тепање, ќе биде малку тепан. На секој што му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.
49
Дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел.
50
Но Јас треба да се крстам со крштение и колку Ми е тешко додека не се изврши тоа.
51
Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не, ви велам, туку разделеност.
52
Зашто отсега, петмина во една иста куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца.
53
Ќе се разделат татко против син и син против татко; мајка против ќерка и ќерка против мајка; свекрва против својата снаа и снаа против својата свекрва.“
54
А на народот му рече: „Кога гледате дека се крева облак од запад, веднаш велите: ’Ќе врне дожд!‘ И тоа се случува.
55
А кога дува јужниот ветар, велите: ’Ќе биде горештина!‘ Па така и бива.
56
Лицемери, изгледот на земјата и на небото знаете како да го распознавате, а ова време зар не умеете да го распознавате?
57
Зошто самите вие не судите што е праведно?
58
Кога, пак, одиш со противникот пред власта, потруди се уште по патот да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на извршителот и извршителот да те фрли в затвор.
59
Ти велам, оттаму нема да излезеш, сѐ додека не ја дадеш и последната лепта.“
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24