bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 9
Luke 9
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 10 →
1
Откако ги повика дванаесеттемина, им даде сила и власт над сите демони и да лекуваат болести.
2
Па ги прати да го проповедаат царството Божјо и да ги лекуваат болните.
3
И им рече: „Не земајте ништо за по пат: ниту стап, ниту торба, ниту леб, ниту сребро ниту по две облеки да имате!
4
И во куќата во која ќе влезете, таму останете и оттаму тргнувајте на пат.
5
А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од своите нозе, за сведоштво против нив.“
6
Кога излегоа, тие одеа по селата благовестејќи и лекувајќи насекаде.
7
Штом четворовласникот Ирод слушна што прави Тој, беше збунет, зашто некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите;
8
други, пак, дека се појавил Илија, а некои – дека воскреснал еден од древните пророци.
9
А Ирод рече: „На Јован јас му ја отсеков главата; но Кој е Овој, за Кого што слушам такви нешта?“ И сакаше да Го види.
10
А кога апостолите се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зеде и отиде насамо во пусто место до градот наречен Витсаида.
11
Но народот штом разбра – тргна по Него. И кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување.
12
При крајот на денот, пријдоа до Него дванаесеттемина и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди да ноќева и да си најде храна по околните села и колиби; зашто овде сме во пусто место.“
13
Но Тој им рече: „Дајте им вие да јадат!“ Тие одговорија: „Ние немаме повеќе од пет леба и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.“
14
Зашто имаше околу пет илјади мажи. Но Тој им рече на Своите ученици: „Седнете ги во групи по педесет.“
15
И направија така и ги седнаа сите.
16
А Тој, кога ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши и им ги даде на учениците за да ги стават пред народот.
17
И јадеа и се наситија сите; и кренаа дванаесет кошеви со останати парчиња.
18
Еднаш, кога Исус се молеше насамо, а Неговите ученици беа со Него, Тој ги праша: „Што вели народот, Кој сум Јас?“
19
Тие одговорија и рекоа: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а некои, пак, дека воскреснал еден од древните пророци.“
20
Тој им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар одговори и рече: „Христос Божји.“
21
А Тој строго им заповеда никому да не кажуваат за тоа,
22
велејќи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, да биде убиен и на третиот ден да воскресне.
23
А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене!
24
Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, тој ќе го спаси.
25
Зашто, каква му е ползата на човекот, ако го добие целиот свет, а себе самиот се упропасти или си наштети?
26
Бидејќи, кој се срами од Мене и од Моите зборови, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
27
Вистина ви велам: овде стојат некои што не ќе вкусат смрт сѐ додека не го видат царството Божјо.“
28
А околу осум дена по овие зборови, ги зеде Петар, Јован и Јаков и се искачи на гората за да се помоли.
29
И додека се молеше, изгледот на Неговото лице се промени, а облеката Му стана бела и блескава.
30
И ете, двајца мажи разговараа со Него; а тие беа Мојсеј и Илија.
31
Па, кога се појавија во слава, тие зборуваа за Неговата смрт, која требаше да се случи во Ерусалим.
32
А Петар и оние кои беа со него ги беше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа Неговата слава и двајцата мажи што стоеја со Него.
33
И кога се разделуваа од Него, Петар, без да знае што зборува, Му рече на Исус: „Учителе, добро е да останеме овде; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија!“
34
Додека го велеше тоа, се појави облак и ги засени; и се исплашија штом влегоа во облакот.
35
И дојде глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син; Него послушајте Го!“
36
А откако се чу тој глас, Исус остана сам. И тие премолчаа и во тие денови никому ништо не кажаа за она што го беа виделе.
37
А следниот ден, додека се симнуваа од гората, Го пресретна многу народ.
38
И ете, некој од народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мојот син, зашто ми е единец!
39
Духот одненадеж го зграпчува и, ете, тој почнува да вреска. Толку силно го стресува, што тој се запенува и, откако многу ќе го измачи, одвај го пушта.
40
Ги помолив Твоите ученици да го истераат, но не можеа.“
41
Исус одговори и рече: „О, неверно и развратно поколение! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го син ти тука!“
42
И додека тој уште приоѓаше, демонот го кутна и почна да го свива во грч. Но Исус му нареди на нечистиот дух, и го излекува момчето и го предаде на татко му.
43
И сите беа восхитени од Божјото величие. И додека сите се чудеа на сѐ што правеше Исус, Тој им рече на Своите ученици:
44
„Ставете ги во вашите уши овие зборови: ’Синот Човечки ќе биде предаден во рацете на луѓето.‘“
45
Но тие не ги разбраа овие зборови, зашто беа прикриени од нив, за да не ги сфатат, а се плашеа да Го прашаат за нивното значење.
46
И меѓу нив започна расправа за тоа кој од нив е најголем.
47
А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави покрај Себе,
48
па им рече: „Кој го прима ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, го прима Оној што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој е голем.“
49
Јован одговарајќи, рече: „Учителе, видовме еден човек кој во Твое име истерува демони, па му забранивме, бидејќи не оди со нас.“
50
Исус му рече: „Не забранувајте му! Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.“
51
А кога се приближија деновите на Неговото воздигнување, Тој одлучи да тргне на пат за Ерусалим;
52
и испрати пред Себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско село да подготват за Него.
53
Но таму не Го примија, зашто имаше изглед на патник што оди во Ерусалим.
54
Кога го видоа тоа Неговите ученици Јаков и Јован, рекоа: „Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?“
55
Но Тој се сврте кон нив, ги укори и рече: „Вие не знаете од каков дух сте,
56
зашто Синот Човечки дојде не да погубува човечки души, туку да ги спаси.“ И отидоа во друго село.
57
А додека тие патуваа, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“
58
Исус му рече: „Лисиците имаат легла и небесните птици гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“
59
На друг, пак, му рече: „Врви по Мене!“ А тој одговори: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми!“
60
Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го Божјото царство!“
61
Потоа некој друг Му рече: „Господи, ќе одам по Тебе, но дозволи ми најнапред да се збогувам со своите домашни.“
62
Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил својата рака на ралото и погледнува назад, не е достоен за царството Божјо.“
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24