bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Luke 20
Luke 20
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
1
Во еден од деновите, додека Тој го поучуваше народот во храмот и го проповедаше благовестието, пристапија свештениците и книжниците со старешините
2
и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го правиш тоа или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“
3
А Тој им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто и кажете ми:
4
Јовановото крштевање, од небото беше или од луѓето?“
5
А тие размислуваа и си зборуваа меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече: ’зошто не му поверувавте?‘
6
А ако кажеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.“
7
Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“
8
Исус им рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
9
И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си замина на подолго време.
10
А кога дојде време, испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од родот на лозјето; но лозарите го претепаа и го пуштија празен.
11
И прати и друг слуга: но тие и него го претепаа и го понижија, па го испратија празен.
12
Испрати и трет, а тие и него го повредија и го избркаа.
13
Тогаш господарот на лозјето рече: ’Што да направам? Ќе го испратам мојот возљубен син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘
14
Но лозарите, штом го видоа, размислуваа меѓу себе, велејќи си: ’Овој е наследникот! Ајде да го убиеме, за наследството да биде наше!‘
15
Па го изведоа надвор од лозјето и го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?
16
Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Тоа никако!“
17
Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ’Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник‘.
18
Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
19
И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа парабола.
20
И демнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на началството и на власта на управителот.
21
И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш на лице, туку вистински поучуваш за Божјиот пат.
22
Дозволено ли ни е да му даваме данок на цезарот или не?“
23
А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Зошто Ме искушувате?
24
Покажете ми еден динариј: Чиј лик и натпис стои таму?“ Тие одговорија: „На цезарот.“
25
Па им рече: „Дајте го цезаревото на цезарот, а Божјото на Бога!“
26
И не можеа да Го уловат во нешто во Неговите зборови пред народот, туку само се зачудија на Неговиот одговор и замолкнаа.
27
Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа,
28
велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако умре нечиј брат, кој имал жена и умрел бездетен, брат му нека ја земе жената и нека му подигне потомство на својот брат.
29
Си беа седум браќа; првиот зеде жена и умре бездетен.
30
Жената ја зеде вториот, но и тој умре бездетен.
31
Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа.
32
По сите нив, умре и жената.
33
При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи седумтемина ја имаа за жена?“
34
Исус им одговори и рече: „Луѓето во овој свет се женат и мажат;
35
но оние што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат;
36
бидејќи веќе не можат да умрат, зашто се како ангели, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
37
А дека мртвите воскреснуваат, тоа го покажа и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков.
38
А Бог не е на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи.“
39
А некои од книжниците одговорија и рекоа: „Учителе, добро рече!“
40
И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат.
41
А Тој им рече: „Како, пак, велат дека Христос е син на Давид?
42
Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ’Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна,
43
додека не ги положам Твоите непријатели како подножје на Твоите нозе!‘
44
Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш Тој може да му биде син?“
45
И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на Своите ученици:
46
„Пазете се од книжниците што милуваат да одат во долги облеки и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и први места на гозбите,
47
што ги подјадуваат домовите на вдовиците и навидум долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24